MK | EN

ЗА НАС

Last updated: Jan 9, 2026

МОТУС е здружение за промоција на интелектуални, мултикултурни и спортски вредности во Република Северна Македонија. Основано на 8 февруари 2014 година во Куманово од група млади ентузијасти.

Здружението има за цел преку своите активности да придонесе кон интелектуалната, културната и спортската надградба на општеството. Основниот пристап е заснован на мултикултурна соработка, кохезија меѓу заедниците, и вклучување на маргинализираните групи во општествените процеси – сето тоа со стремеж за создавање на хумано, инклузивно и одговорно општество.

Области на делување

Уметничка фотографија

Од посебен интерес за здружението е промоцијата на уметничката фотографија. Во таа насока, во рамките на МОТУС е формиран Фото клуб „МОТУС“, кој е активен член на Фото Сојузот на Македонија, со учество и организација на бројни домашни и меѓународни изложби, проекти и фестивали.

Агро сектор

МОТУС е активен и во земјоделскиот сектор, преку проекти насочени кон:

²  заштита и унапредување на животната средина

²  намалување на употребата на пестициди и примена на непестицидни практики во земјоделството

²  производство на безбедна храна

²  превенција од климатски промени

²  зачувување на автохтони раси и сорти

²  заштита на географското потекло на традиционални производи

²  справување со загадувањето и негова превенција

Дополнителни цели и активности

²  Промоција на граѓанското општество, демократија и меѓуетничка кохезија

²  Развој на здрава животна средина преку спорт и рекреација

²  Организација на културни настани – изложби, промоции, фестивали

²  Подигнување на јавната свест за:

ü  превенција на болести

ü  социјални прашања (врсничко насилство, трговија со луѓе, сексуална злоупотреба, говор на омраза и сл.)

ü  значењето на хуманоста и различностите

ü  подобрување на можностите за вработување и активно учество на пазарот на трудот