Голем успех за Фото Клуб МОТУС на „Денови на македонска фотографија“
На неодамна одржаните 64-ти по ред „Денови на македонска фотографија“, во организација на Фото сојузот на Македонија, значаен успех остварија членовите на нашиот Фото Клуб МОТУС, Глигор Максимовски и Дејан Ангеловски.
Максимовски се закити со прва награда во категоријата документарна фотографија за делото со наслов „Support Kocani“, со што уште еднаш ја потврди својата креативност и чувството за визуелно раскажување на реални приказни.
Покрај ова престижно признание, Максимовски доби и дипломa за колекциja на фотографии, и тоа за фотографиите: “Monk from Manasija“, “Fair SN“, “Beautiful from Trieste“ и “Waiting for help“.
Дејан Ангеловски на оваа манифестација, во тема поединечна, има примено фотографија под наслов “Bisera in labyrinth 04”.
Овој значаен успех претставува голема чест и задоволство за нашето Здружение за промоција на интелектуали, мултикултурни и спортски вредности МОТУС и Фото Клубот МОТУС, и истите ни даваат дополнителна мотивација за продолжување по патот на негување и промовирање на квалитетната уметничка фотографија, како и кон поддржување на своите членови во нивниот професионален и авторски развој.
Здружението за промоција на интелектуали, мултикултурни и спортски вредности МОТУС и Фото Клубот МОТУС остануваат посветени на афирмацијата на македонската фотографија и нејзиното достоинствено претставување на домашната и меѓународната сцена.
Gallery