MK | EN

Изложба на Уметничка Фотографија „Ентомо-Фото Фест 2025“

Jan 13, 2026
Изложба на Уметничка Фотографија „Ентомо-Фото Фест 2025“

Здружението за промоција на интелектуални, мултикултурни и спортски вредности - МОТУС од Куманово заедно со својот Фото клуб - Мотус ја има честа да ве покани, на 24 октомври 2025, во Уметничка галеријата на град Куманово на отворањето на втората по ред Изложба на Уметничка Фотографија „Ентомо-Фото Фест 2025“.

 

Оваа година пред љубителите на уметничката фотографија, кумановската публика но и пошироката јавност со 32 колор макро фотографии, на тема инсекти, ќе се претстави Педро Луис Саиз Ајуриагера MFIAP (Master) од Билбао, Бискаја, Шпанија.

Целта на оваа изложба е, преку уметноста на колор макрофотографијата, да се долови фасцинантниот живот на инсектите, нивната убавина, разновидност и мистерија и истата да се доближи до човекот. Ова е омаж на соживотот и на тивкиот, сложен свет што постои покрај нас, обликувајќи го самото создавање на животот на Земјата.

Финансиер на изложбата е Општина Куманово, преку Програмата за подршка на културни манифестации за 2025 година, а истата е под патронат на Фото Сојуз на Македонија.