MK | EN

Изложбата на уметничка фотографија „Ентомо-Фото-Фест“ 2024

Jan 8, 2026
Изложбата на уметничка фотографија „Ентомо-Фото-Фест“ 2024

Здружението за промоција на интелектуални, мултикултурни и спортски вредности - МОТУС од Куманово, преку својот Фото клуб - Мотус, во период од 05 септември 2024 до 19 септември 2024 во просториите на Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово ja организираше изложбата на уметничка фотографија „Ентомо-Фото-Фест“.

На изложбата беа изложени 30 колор макро фотографии на професионалниот фотограф Џеки Панхујзен од Белгија.

      Темата на изложбата е чудесниот свет на инсектите. Нивниот биодиверзитет, меѓусебните интеракции, интеракциите со растенијата, животните и човекот. Влијанието и значењето на инсектите во природата но и за човекот.

         Изложбата е финансирана од Општина Куманово, преку програмата за подршка на културни манифестации за 2024 година, а истата е под патронат на Фото Сојуз на Македонија.

  Изложбата беше отворена на 5 септември 2024 во 19:30 часот во просториите на Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.